• петок, 10 јануари 2025

За јуни Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви 51 записник

За јуни Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви 51 записник

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на јуни има изготвено вкупно 51 информативно-едукативни записници за лица кои се затекнати при неправилно одлагање отпад.

Во текот на јуни, со континуирани дежурства, соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје, се покривале десетина локации во општините Ѓорче Петров и Чаир, додека неделава биле реализирани дежурства и во скопските општини Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош.

- Според Оперативната програма за собирање и транспортирање на
комуналниот отпад, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги празнат
контејнерите поставени на територијата на градот Скопје еднаш во текот
на денот, седум дена во неделата. Но и покрај фактот дека отпадот
одложен во садовите се подигнува и транспортира секој ден, повторно сме
соочени со масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Преку дежурствата на нашата Еко-патрола се обидуваме максимално да ја
превенираме појавата на диви депонии, но би сакала да истакнам дека ЈП
Комунална хигиена-Скопје нема надлежност да ги казнува прекршителите на
Законот за јавна чистота, туку истите само да ги информира и едуцира.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се задолжени да го соберат и да
го транспортираат отпадот одложен во садовите, но дали локациите ќе
останат чисти и по заминувањето на нашите екипи, во најголема мера
зависи од постапките на самите граѓани,  истакнала директорката на ЈП
Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, се додава во соопштението. цр/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан