• среда, 25 декември 2024

За Шолц денешното депортирање на Авганистанците е „јасен сигнал“ до криминалците

За Шолц денешното депортирање на Авганистанците е „јасен сигнал“ до криминалците

Берлин, 30 август 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го опиша летот со кој 28 осуденици беа депортирани во Авганистан како јасен сигнал дека земјата строго ќе го применува законот, јави ДПА.

„Ова е јасен сигнал: оние кои вршат злосторства не можат да сметаат на нас дека нема да ги депортираме, но ќе се обидеме да го направиме тоа, како што гледате во овој случај“, рече Шолц на изборниот митинг на неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија во близина на Лајпциг.

„Најавивме дека ќе ги депортираме и криминалците назад во Авганистан. Ова го подготвивме внимателно без да зборуваме многу за тоа, бидејќи таквите планови успеваат само ако се потрудите, ако го правите тоа внимателно и многу дискретно. Тоа беше направено денеска“, рече тој.

Летот за Авганистан утринава е првпат Германија да депортира Авганистанци во нивната татковина откако тврдокорните исламистички талибанци ја презедоа власта во земјата пред три години.

Според министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, во авионот имало 28 Авганистанци кои биле осудени за кривични дела во Германија.

Во јуни, Германија соопшти дека повторно размислува за депортирање авганистански мигранти кои претставуваат безбедносна закана по убиството на полицаец во градот Манхајм. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан