• сабота, 23 ноември 2024

За шест часа 68 казни за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

За шест часа 68 казни за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес
Скопје, 27 август 2021 (МИА) – При акциска контрола на полицијата денеска од 14 до 20 часот на автопатот Куманово-Скопје-Велес, санкционирани се вкупно 68 возачи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 33 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час од пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното. Воедно испраќаат апел граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.свс/лв/

Остани поврзан