• недела, 17 ноември 2024

За шест часа во Битола казнети 69 возачи кои возеле над дозволеното

За шест часа во Битола казнети 69 возачи кои возеле над дозволеното
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) -На територијата на СВР Битола денеска од 13 до 19 часот при спроведена засилена акциска контрола санкцонирани се 69 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната. Од МВР соопштија дека 58 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Полицијата најави дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бк/

Остани поврзан