• среда, 25 декември 2024

За шест месеци странците во Албанија оставиле 1,55, Албанците во странство околу една милијарда евра

За шест месеци странците во Албанија оставиле 1,55, Албанците во странство околу една милијарда евра

Тирана, 17 септември 2023 (МИА) - Зголемениот број туристи кои ја избираат Албанија како дестинација за одмор на земјата и донесоа рекорден приход. Според Централната банка на Албанија, во првата половина од годинава туристите донеле 1,55 милијарди евра, што е за 37 отсто поголем износ споредено со истиот период минатата година и е највисок прилив на средства досега.

Но, кога станува збир за патувањата и одмор надвор од земјата не заостануваат ниту Албанците, кои потрошиле околу 1 милијарда евра за патувања во странство.

Според Банката, за шест месеци во земјата останале 794 милиони евра како позитивна разлика.

Годинава ги руши сите рекорди по број на туристи. Бројките на Институтот за статистика - ИНСТАТ покажуваат дека за шест месеци престојувале 3.396.932 странски посетители, што е за 33 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. За седум месеци, пак, Албанија ја посетиле над 5,2 милиони странски туристи, што е за 31 отсто повеќе од лани истиот период.

Најбројни туристи се од Косово, по што годинава следат италијанските и македонските туристи. вт/паг/

Фото: Министерство за туризам на Албанија

 

Остани поврзан