• петок, 27 декември 2024

За четири часа изречени 28 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

За четири часа изречени 28 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Во периодот од 7 до 11 часот на територијата на СВР Охрид денеска е спроведена  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани  28 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР потсетуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. ар/лв/

Остани поврзан