• вторник, 24 декември 2024

За утре свикан собир со жителите од делчевски Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето

За утре свикан собир со жителите од делчевски Ѕвегор за решавање на проблемот со водоснабдувањето

Делчево, 8 јули 2024 (МИА) - Во Делчево за утре е закажан собир со жителите на село Ѕвегор, на кој ќе се разговара за решавање на проблемот со водоснабдувањето во селото. Собирот е свикан од страна на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на претходно барање на жителите на Ѕвегор.

- Собирот е закажан на ден 09.07.2024 година (вторник) во салата на Спомен домот АСНОМ со почеток во 11.00 часот. Се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во с.Ѕвегор, да присуствуваат на собирот, со цел изнаоѓање решение за проблемот со водоснабдувањето, се вели во информацијата на Општината.

За да се свика овој собир, според законот за свикување вакви собири, жителите од претходно имаа собрано доволен број потписи, а целта на собирот како што истална Горан Гошевски, е жителите на село Ѕвегор да ги изнесе проблемите и нивните видувања во врска со водоснабдувањето. 

- Овој собир нема политичка позадина, туку се работи за егзистенцијални проблеми на самите жители. Решени сме да одиме до крај, во крајна мерка можеби со блокада на Меѓународниот пат и организирање референдум со кој според законот надлежностоте за одржување на водоводот можеме да го префрлиме на самите нас. Водоводот е граден со самопридонес без денар од државата и мислам дека чашата е прелиена, ова е последно предупредување и затоа очекувам дека ќр надвладее здравиот разум и ќе најдеме решение, вели Горан Гошевски, жител на селото.

Потврда за учество на собирот најави и градоначалникот Горан Трајковски кој рече дека ќе ги поддржи при евентуалниот протест, а во меѓувреме ќе разговараат за изнаоѓање решение за пробчемот со водоснабдуцањето кој подолго време ги тишти жителите на ова село. 

Во село Ѕвегор се гради водовод со средства од Министерството за транспорт и врски, а најголем пробчем за жителите е таксата за приклучок кој треба да ја платат, за да бидат приклучени на новиот систем. Во меѓувреме дел од селото е без вода за пиење, поради што дел од жителите се снаоѓаат од алтернативни извори на вода. вс/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан