• сабота, 16 ноември 2024

За утре најавено продолжение на седницата на Комисијата за избори и именувања

За утре најавено продолжение на седницата на Комисијата за избори и именувања
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за избори и именувања утре треба да  ја продолжи седницата за изборот на кандидатите за уставни судии, откако вечерва не продолжија со работа по најавената 15-минутна пауза, потврдија за МИА од собраниската прес-служба. На седницата треба да продолжи расправата за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител. Последното излагање денеска го имаше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска, која даде критика за работата на Јовески. Петковска во излагањето рече дека Јовески сопствените изјави ги менува според потребите на власта. Истакнат правник, според неа, не менува ставови по директива, туку ги одмерува своите зборови, посебно ако истите се однесуваат на суштествени прашања. -Предложивме кандидати кои ќе ја гарантираат институционалната незаисност на Уставен суд и гарантираат дека ќе бидат индивидуално независни. Во Европа не се оди со стар багаж или со нерасчистени случаи, кои наместо да се одплетуваат, уште повеќе се заплеткуваат и излегуваат криминалци полоши од претходните, рече Петковска. Љубомир Јовески е кандидат предложен од СДСМ и е последен за кој расправа Комисијата. Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.бт/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан