• петок, 27 декември 2024

За три дена вакцинирани 150 постари лица во Кичево

За три дена вакцинирани 150 постари лица во Кичево
Кичево, 7 април 2021 (МИА) - Во Здравствениот дом во Кичево четврти ден се одвива имунизацијата против Ковид-19 на постарите жители над 77 години. Во изминатите три дена се вакцинирани 150 граѓани. Ако се одвива според зацртаната динамика, за 10 дена ќе бидат потрошени вкупно 500-те залихи од првата пратка на „Астра Зенека“.

- Интересот на граѓаните е исклучително висок и досега преку „Мој термин“ се имаат пријавено  околу 500 граѓани или целокупното количество од првата пратка на вакцини е резервирано за веќе пријавените граѓани. Дневно нашите екипи вакцинираат по 50 лица и планираме оваа динамика да ја запазиме докрајот на имунизацијата, вели доктор Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом во Кичево.

Тој информира дека од досега вакцинираните, само во еден случај се појавила лесно минлива алергија, проследена со црвенило, додека останатите пациенти одлично ја поднеле имунизацијата.

Најстариот граѓанин кој е вакциниран во Кичево има 92 години. за/бак/

Остани поврзан