• четврток, 26 декември 2024

За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка

За стопанството обезбедени 44,1 милион евра преку трите бескаматни кредити на Развојната банка

Скопје, 16 април 2021 (МИА)  -  Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека  оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0 проценти и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.

До Владата, посочуваат, е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031  лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97 отсто. Од нив, се одобрени 2703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.

Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1422  или 53 отсто, потоа следуваат микро компании  1052 или  39 отсто, трговците поединци кои се 171 ил шест отсто и 58 занаетчии или два отсто.

Структура

Кредитни барања

%

Мали трговски друштва

1.422

53%

Микро трговски друштва

1.052

39%

Трговец поединец

171

6%

Занаетчија

58

2%

Вкупно

2.703

100%

Во однос на регионалната распределба, најголемиот број на компании се од Скопскиот плански регион, вкупно 878 или 32 отсто, по што следува Полошкиот плански регион со 392 компании или 15 отсто, вкупно 322 или 12отсто компании се од Југоисточниот плански регион, 303 компании или 12 отсто се од Југозападниот плански регион, 257 или 10 отсто се од Источниот плански регион, 270 или 10 отсто се од Пелагониски плански регион, 146 компании, односно пет отсто се од Вардарски плански регион, додека од Североисточен плански регион кредити добија 135 компании или 5 отсто.

Регион

Кредитни барања

%

Скопски

878

32%

Полошки

392

15%

Југозападен

303

12%

Југоисточен

322

12%

Источен

257

10%

Пелагониски

270

10%

Вардарски

146

5%

Североисточен

135

5%

Вкупно

2.703

100%

-Бескаматните кредитни линии се покажаа како одлична алатка за премостување на кризата за микро, малите и средни компании, трговците поединци и занаетчиите, обезбедија нивна ликвидност и обртни средства, со што се помогна за зачувување на работните места. Со вкупните средства од над 44 милион евра, директно е поддржаната работата на 1.943 микро компании, 1.783 мали компании, 75 средни компании, 219 трговци поединци и 58 занаетчии, кои вработуваат 36.802 лица, стои во соопштението.

КРЕДИТНА ЛИНИЈА

Микро компании

Мали компании

Средни компании

Трговец поединец

Занаетчии

Вкупно компании

Вработени

Финансиски средства

(мил. Евра)

КОВИД 1

517

175

17

27

/

736

6.525

5,5

КОВИД 2

374

186

58

21

/

639

11.325

8

КОВИД 3

1.052

1.422

/

171

58

2.703

19.031

30,6

ВКУПНО

1.943

1.783

75

219

58

4.078

36.802

44,1

скс/ац/

Остани поврзан