• недела, 24 ноември 2024

За сообраќајни прекршоци 297 казни на територијата на цела држава 

За сообраќајни прекршоци 297 казни на територијата на цела држава 
Скопје, 13 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 17.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 297 санкции за сообраќајни прекршоци.
 
При контролата, санкционирани се 25 возачи за возење без возачка дозвола, а четири возила биле со неисправен уред за сопирање...
 
На вонреден технички преглед, информираа од МВР, биле упатени 44 возила, а кај 13 биле констатирани технички неисправности.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/нд/
 
Фото:МИА

Остани поврзан