• четврток, 26 декември 2024

За седум дена 199 непрописно паркирани возила во општина Центар

За седум дена 199 непрописно паркирани возила во општина Центар
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 199 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информира ЈП Паркинзи на Општина Центар, од 5 септември до 11 септември 2022 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила. Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 118 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. -ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, се наведува во соопштението. мд/лв/

Остани поврзан