• недела, 24 ноември 2024

За седум дена санкционирани 246 непрописно паркирани возила во Центар

За седум дена санкционирани 246 непрописно паркирани возила во Центар
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - За седум дена санкционирани се 246 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 24 јануари до 30 јануари 2022 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила. Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 132 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. мд/лв/

Остани поврзан