• недела, 24 ноември 2024

За седум дена санкционирани 223 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За седум дена санкционирани 223 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција, за седум дена санкционираа 223 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 20.02.01. до 26.02.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар, отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Фото:ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан