• четврток, 26 декември 2024

За седум дена санкционирани 220 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

За седум дена санкционирани 220 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 220 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Од 27 март до 2 април 2023 година со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 112 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 108 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. мд/дма/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан