• вторник, 19 ноември 2024

За својата иднина во Рома, Мурињо ќе одлучува по финалето на Лига Европа

За својата иднина во Рома, Мурињо ќе одлучува по финалето на Лига Европа

Рим, 24 мај 2023 (МИА) - Жозе Мурињо ќе одлучи за својата иднина по крајот на сезоната.

 

Тренерот на Рома ќе одлучи за својата иднина во клубот по финалето на Лига Европа, објави „Ил Месаџеро“. Неговиот договор е до 2024 година.

 

Претходно беше објавено дека ПСЖ е заинтересиран за услугите на португалскиот стручњак.

 

Натпреварот меѓу Севилја и Рома во финалето на Европската лига ќе се одржи во Будимпешта на 31 мај. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан