• среда, 25 декември 2024

Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава

Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава

Брисел, 7 октомври 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи ги санкционира сите утврдени незаконски, непрофесионални и неетички постапувања на вработените во МВР, стеснувајќи го на тој начин просторот за нивно повторување и испраќа силна порака дека професионалниот интегритет на вработените не случајно е негова стратешка определба, се наведува во одговорот на македонските власти на последниот Извештај на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортурата и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ). 

Во одговорот се посочени и преземените и планираните мерки на македонските власти подготвени врз основа на препораките во Извештајот на Комитетот. 

Тие мерки, пред се, се однесуваат на изработката на проектот за реконструкција на затворениот дел од затворот „Идризово“, која треба да биде кофинансирана со кредит од Банката за развој на Советот на Европа, како и на подобрувањето на квалитетот на храната за штитениците на оваа казнено-поправна установа, за регрутирање и обука на дополнителен персонал за затворската полиција и за континуираните напори за борба против корупцијата во институцијата.

  Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во воспитно-поправен дом“ ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчиња

Одговорот содржи и информации за решавање на проблемот со несоодветниот третман на пациенти во психијатриските установи, за реновирањето на дотраените одделенија на психијатриските болници што ги посетиле претставниците на КПТ, како и за процесот на деинституционализација на штитениците на домовите за социјални грижи. 

Извештајот на КПТ изработен врз основа на наодите на тимот на КПТ што ја посети земјава минатата година, а објавен на 15 мај годинава, беше фокусиран на третманот на лицата лишени од слобода од страна на полицијата, вклучително и на ефикасноста на истрагите по жалбите за наводно полициско малтретирање, како и на условите за притворените лица во четири затворски установи и образовниот центар за малолетници во Волковија.  

Во документот, исто така, беа наведени и забелешки за третманот и условите за живот на пациентите во две психијатриски болници и на штитениците на дом за социјална грижа. 

Тимот на КПТ во извештајот заклучува дека нема подобрување на состојбите во споредба со претходните посети во врска со постапувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, па Комитетот ги повикува македонските власти да изготват сеопфатна стратегија за борба против несоодветното постапување од страна на полициските припадници и за подобрување на ефикасноста на истрагите по жалбите за лош третман. 

Во Затвор-Штип нормализирана е состојбата со ширење на коронавирусот, изјави за МИА директорот Мики Тодоров и информира дека утре од изолација излегуваат петмина осуденици и тројца вработени.

Во извештајот се оценува дека состојбата во затворот „Идризово“, во кој се сместени речиси 60 проценти од вкупниот број затворски штитеници во земјава, остана алармантна, при што се посочени случаи на физичкото малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персоналот, изолација на одредени штитеници на подолг рок, високо ниво на насилство меѓу затворениците, како и нехигиенски и небезбедни услови кои „дополнително се влошуваат со пренатрупаноста“ на установата.  

Според тимот на КПТ, дополнително и „распространетата корупција на персоналот“ и повластиците на одредени затвореници и натаму го поткопуваат правилното функционирање на затворската установа, што резултира со тоа некои штитеници во затворите да престојуваат во лоши услови. 

Комитетот потенцира дека е потребна стратешка реформа на затворскиот систем во земјава, став  кој се повторува во неговите извештаи повеќе од една деценија, со посебен фокус на искоренување на корупцијата меѓу затворскиот персонал и обезбедување на професионализација во раководењето со затворот. Реформата, според КПТ, ќе бара и именувањата на одговорните лица во затворите да бидат транспарентни, засновани на заслуги и деполитизирани. сп/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан