• среда, 25 декември 2024

За Ремзи се заинтересирани Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед

За Ремзи се заинтересирани Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед
Рим, 16 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи може да се врати во Англија, пренесува „TuttoJuve.com“. Според италијанскиот портал, за 29-годишниот Велшанец се заинтересирани Тотенхем, Челзи и Манчестер јунајтед. Сепак, самиот играч сака да остане во Италија. Ремзи му се придружи на Јувентус летото 2019 година како слободен агент. Во сезоната 2019/20, тој настапи на 24 натпревари, има четири гола и една асистенција. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерот на 28 милиони евра. зс/

Остани поврзан