• сабота, 23 ноември 2024

За протестите и насилството Рама ги обвини Мета и Бериша

За протестите и насилството Рама ги обвини Мета и Бериша
  Тирана, 11 декември 2020 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама за протестите,кои вечерва беа одржани по третпат и насилството ги обвини шефот на државата Илир Мета и поранешниот претседател Сали Берша. -Тие ги потикнуваат и оркестрираат протестите и насилствата. Доказ се зборовите на Претседателот на Републиката кој ги потикнува и оркестрира заедно со другиот, поранешниот претседател на Републиката кој денес е горд што убивал луѓе, кој им кажува на Албанците дека насилството е патот за напредок во оваа земја и во ова општество. Доказ се оние слики, и оние малолетни лица кои се изманипулирани и злоупотребени и дефинитивно излажани и со пари за да излезат на улица и да го прават она што го прават без да бидат свесни за што станува збор,изјави Рама по посетата на повредените полицајци хоспитализирани во Универзитетската клиника. Во однос на однесувањето на полицијата на протестите тој рече дека полицијата била повеќе од толерантна и нагласи дека како и во остатокот од светот, таа има должност да реагира на пропорционален начин и ниту да се повлече, ниту да прифати да биде погодена. На прашањето дали ќе го разреши генералниот директор на државната полиција, тој го повтори прететходно кажано дека сите што тоа го бараат да заборават. Во Универзитеската клиника хоспитализирани се 14 полицајци.вт/

Остани поврзан