• петок, 27 декември 2024

За прв пат во последните пет години нема италијански екипи во четвртфиналето на ЛШ

За прв пат во последните пет години нема италијански екипи во четвртфиналето на ЛШ
Нион, 18 март 2021 (МИА) - Завршија сите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите и познати се четвртфиналистите. По шести пат во историјата на елитното фудбалско натпреварување и првпат од сезоната 2015/16, италијанските тимови не се пласираа во четвртфиналето на турнирот. Аталанта загуби од Реал Мадрид, Лацио загуби од Баерн Минхен, додека Јувентус не успеа да го мине Порто. Минатата сезона тимот од Бергамо се пласираше во четвртфиналето. Во тековната Лига на шампиони, пласман помеѓу осумте најдобри изборија: Челзи, Манчестер сити и Ливерпул од Англија; Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од Германија; Реал Мадрид (Шпанија), ПСЖ (Франција) и Порто (Португалија). зс/

Остани поврзан