• среда, 25 декември 2024

За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола

За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола

Болоња, 21 мај 2024 (МИА) - Јувентус синоќа ремизираше на гостувањето кај Болоња во натпреварот од 37. коло во Серија А - 3:3.

Торинскиот тим заостануваше со 0:3 до 76. минута, кога погоди Федерико Киеза. Аркадиуш Милик погоди во 83. минута, а минута подоцна голот на Кенан Јилдиз му донесе реми на клубот.

Така Јувентус за прв пат во својата историја не загуби во натпревар од Серија А во кој заостануваше најмалку три гола разлика.

Јувентус со 68 бода останува на четвртото место во серијата, зад третопласираната Болоња која има исто така 68 бода, но со подобра гол-разлика. 

До крајот на сезоната останува уште едно коло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан