• недела, 17 ноември 2024

За прв пат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард

За прв пат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) – На Европското првенство во билијард оваа година кое ќе се одржи во Потчетртек, Словенија ќе учествуваат четворица Македонци кои се пријавени во три различни конкуренции. 

Селекторот Горан Ѓурчиновски се одлучи за Христо Василевски, Владимир Ѓоргиоски, Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски (Лонгони).

-Василевски располага со огромен потенцијал, поради што верувам дека може да направи изненадување и биде незгоден ривал за фаворизираните имиња со долг стаж. Во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“, ќе не претставува Ѓоргиоски. Другите двајца патници се младинците Андреј Ѓурчиновски (Гран Клуб) и Илија Димовски (Лонгони), кои и минатата година играа во конкуренција на младинци, поточно во конкуренција на играчи до 17 и 19 години, изјави македонскиот селектор.

Македонските натпреварувачи ќе учествуваат во три старосни категории, а ќе се играат четири дисциплини: „осумка“, „деветка“, „десетка“ и 14.1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан