• недела, 06 октомври 2024

За првпат општината ќе додели месечни субвенции за секој средношколец од Крива Паланка

За првпат општината ќе додели месечни субвенции за секој средношколец од Крива Паланка

Крива Паланка, 3 август 2024 (МИА) - Месечна субвенција од 2.000 денари за секој ученик од прва година, запишан во средното општинско училиште „Ѓорче Петров" Крива Паланка во учебната 2024/25 за првпат ќе се додели од страна на општината.

-Иницијативата е на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, а истата беше усвоена со одлука на Советот на Општината од 11 јули годинава. Општина Крива Паланка во учебната 2024/2025 година на секој запишан ученик во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка ќе исплаќа по 2000 денари месечна субвенција за период од девет месеци.

Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето за аплицирање, достапно на веб страницата на општината, www.krivapalanka.gov.mk , информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Барањето заедно со потребните документи се доставуваат до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница, најдоцна до 30 септември 2024 година.ид/бт/

Фото: Општина Крива Паланка 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан