• четврток, 19 декември 2024

За последните тројца тренери Баерн потроши 62,5 милиони евра

За последните тројца тренери Баерн потроши 62,5 милиони евра

Минхен, 27 мај 2024 (МИА) - Томас Тухел ја заврши својата мисија во Баерн Минхен. Според постигнатиот договор со раководството на клубот, неговите обврски завршија со крајот на сезоната, а Винсент Компани, менаџерот на Барнли, веќе е во Минхен и се договори за тригодишен договор.

Аналитичарите и навивачите со право го вперуваат прстот кон ваквата одлука на раководството бидејќи сметаат дека тимот требало да го преземе реномирано име кое ќе го врати паднатиот гигант на победнички курс следната сезона. Од сезоната 2010/11 не се случило Баерн да ја заврши сезоната без трофеј, па затоа симпатизерите на баварскиот гигант очекуваа управата да го ангажира еден од најдобрите тренери како Чаби Алонсо, Јирген Клоп, Анотнио Конте...

Пристигна Компани и за тоа Баерн му плаќа на Барнли, кој инаку испадна од Премиер лигата, 10 милиони евра обештетување! Така настана математиката дека Баварците потрошиле дури 62,5 милиони евра за последните тројца тренери - Јулијан Нагелсман, Томас Тухел и сега Винсент Компани - на име обештетување, плати и надомест за отпуштања!

Ова е сериозна сума за тренерите кои во 2021 година на витрините успеаја да донесат само две шампионски титули на Германија! дс

Фото: Архива

Остани поврзан