• понеделник, 29 јули 2024

За непрописно престигнување на територија на државата изречени 126 казни  

За непрописно престигнување на територија на државата изречени 126 казни  
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи во рамки на спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, изрече санкции за 126 возачи. Од МВР денеска информираа дека од нив, 48 возачи се казнети на територијата на СВР Тетово, 24 на подрачјето на СВР Битола, а 21 возач непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР. цр/сп/

Остани поврзан