• четврток, 26 декември 2024

За непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери изречени 25 казни 

За непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери изречени 25 казни 
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 е  спроведена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 25 учесници во сообраќајот, од кои 24 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Остани поврзан