• петок, 27 декември 2024

За непрописно вградени фолии изречени 11 казни 

За непрописно вградени фолии изречени 11 казни 
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Во периодот од 27.12.2021 до 02.01.2022 година спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, при што санкционирани се 11 учесници во сообраќајот. Од МВР денеска информираа дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/ац/

Остани поврзан