• среда, 18 декември 2024

Алиу: За над 80 отсто од јавните постапки во МИОА фигурира само една компанија

Алиу: За над 80 отсто од јавните постапки во МИОА фигурира само една компанија

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за над 80 отсто од јавните постапки се појавува само една компанија. Од 2021 до 2023 година неколку фирми се појавуваат на неколку тендери. Во неколку договори со економски оператори се појавуваат исти фирми: седум пати една фирма, четири пати друга фирма, два пати трета фирма, а сумите се огромни. Ова го покажала внатрешната ревизија, а, како што рече вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, во петок ќе биде достапно и за сите грѓани преку веб страницата на МИОА, каде ќе биде и јавно објавено. 

-Имавме интерна анализа на процесите во Министерството за да видиме зошто некои процеси бавно одат или не се завршуваат. Внатрешната ревизија покажа дека над 80 отсто на сите јавни постапки се појавува само една компанија. Од 2021 до 2023 година неколку фирми се појавуваат на неколку тендери. Во неколку договори со економски оператори се појауваат исти фирми, седум пати една фирма, четири пати друга фирма, два пати трета фирма. Овие податоци ќе бидат во петок јавно достапни за сите граѓани на нашата веб страница. Сумите во кои се појавуваат истите компании се големи, огромни, а и истите компании ги имплементираат. Не велам дека има прекршување на процесите. Моја надлежност беше да направиме ревизија на дел од проектите и ќе продолжиме понатаму. На три проекти работи и Државната ревизија. Сакаме да бидеме транспарентни, да имаме отчетност кон граѓаните и да се подобрат интерните процеси во МИОА, рече Алиу во гостувањето на Топ Тема.

Тој најави дека отсега ќе свикува прес-конференција секогаш кога МИОА ќе отвора некоја постапка.

Алиу ќе закаже, рече, и прес-конференција за досегашните податоци кои ги открила внатрешната ревизија. 

Во врска со реформите во медиумите, напомена дека во моментот се работи на сите отворени процеси.  

-Некои решенија бараат подлабоки анализи. Новинарите мора да бидат опфатени и со аконот за АВМУ. Ќе најдеме решние за оваа фела. Од моите податоци, не знам дали се точни, 1 400 вработени новинари има во националниот сервис и во петте национални телевизии, а 600 во онлајн медиумите. Но, имаме и друг предизвик, а тоа е говорот на омраза кој речиси го нема на радија и телевизии, но е многу присутен на социјалните мрежи. Нема законско решение за нетрадиционалните медиуми и затоа тие ни се многу битни, рече Алиу. мч/ев/

фото: МИА архива и принт скрин

 

 

Остани поврзан