• петок, 27 декември 2024

За наградата „Антево Перо“ конкурираат шест поетски книги

За наградата „Антево Перо“  конкурираат шест поетски книги

Скопје, 11 август 2023 ( МИА) - Жири-комисијата за доделување на наградата за наградата „Антево перо“, од листата на дванаесетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, селектираше шест поетски наслови: „Монолог на пирејот“ на Љубинка Донева, „Сновиденија“ на Кирил Ангелов, „Координати на болката“ на Александра Спасеска, „А што да речам“ на Томе Липовски, „Болопадание“ од Милена Сиљаноска и „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков.

-Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис на македонски јазик, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО Скопје, како организатор на Мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, информираа од тимот на „Антево перо“.

Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, пак, која се доделува на  поети кои творат на македонски јазик, стручната комисија ги номинираше следните три збирки: „Второ детство“ на Емануела Ковачевска Китановска, „Ноќен суфлер“ на Светла Јакшиќ и „Душебол“ на Александра Атанасова.

На следниот состанок, жири - комисијата ќе ја доесе конечната одлука за доделување на наградата „Антево перо“ и на придружните награди „Антев златник“ односно „Антев часовник“ за 2023 година. љм/са/

Фото: Антево перо

Остани поврзан