• четврток, 26 декември 2024

За модернизирање на универзитетските библиотеки во Бугарија ќе бидат инвестирани околу 5 милиони евра

За модернизирање на универзитетските библиотеки во Бугарија ќе бидат инвестирани околу 5 милиони евра

Софија, 20 март 2024 - Со нова национална програма на Министерството за образование и наука (МОН), 10 милиони лева ќе бидат инвестирани во модернизацијата на универзитетските библиотеки, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Програмата дава можност да се обезбеди современа опрема, да се изградат нови простори, како и да се подобри постоечката материјално-техничка база. Средствата може да се инвестираат во купување специјализирана литература, обезбедување полесен пристап до неа, градење дигитални збирки, создавање институционални складишта, имплементирање софтвер за обработка и друго.

Националната програма „Модернизација на библиотеките во 33 државни високи училишта“ што ја усвои Владата ќе се реализира во рок од три години. Се очекува во овој период да бидат поддржани над 150.000 студенти и докторанти во нивните студии и научен развој.

Современите услови на брз технолошки развој и влегувањето на вештачката интелигенција во современото општество поставуваат нови барања и за библиотеките - за нивниот начин на функционирање, опремата, но и за професионалните вештини на оние кои работат во нив.

Дваесет и две национални програми за развој на образованието одобри огранскиот совет за образование кој денеска заседава во Министерството за образование и наука (МОН). Две од нив се нови - „Безбедност во сообраќајот на патиштата“ и „Без агресија за безбедна образовна средина“, соопшти прес-центарот на МОН. 

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан