• среда, 25 декември 2024

За малку уапсена уште една египетска „инфлуенсерка“

За малку уапсена уште една египетска „инфлуенсерка“
Гиза, 4 декември 2020 (МИА) - Египетската манекенка Салма Ел-Шими за малку ќе беше уапсена на 30 ноември веднаш откако одржа куса фотосесија во Сакара - археолошко наоѓалиште во градот Гиза. Локалитетот неодамна беше многу актуелен во вестите, оти неодамна беа откриени најмалку 100 запечатени саркофази со мумифицирани тела во нив. Имено, таа и нејзиниот фотограф Хосам Мухамед немале дозвола за фотографирање на местото, а претставник на ресорното министерство ја нарече облеката на Ел-Шими - тесен бел фустан со појас и околувратник со традиционална монистра - „несоодветна“. Мухамед потврди дека потоа тие двајца, некако, се спогодиле со властите и одговорните за наоѓалиштето, па избегнале казна. Манекенката се фотографираше близу Пирамидата на Џозер - изградена некаде во 27 век пред Христа. Притоа, таа сакала да изгледа како кралицата (фараонка) „Малбан-тити“ - измислено име-сложена од зборот „малбан“ - вид локум и името на славната Нефертити. Властите ја обвинија Ел-Шими за „нарушување на цивилизацијата и навреда на големата фараонска историја“. Египетските закони важат за прилично строги во таа смисла. Но, и покрај сите непријатности, „локум-тити“ објави дел од сликите на Инстаграм, по согласноста од луѓето одговорни за наоѓалиштето.  си/ссм/

Остани поврзан