• недела, 24 ноември 2024

За кривични дела поврзани со дрога 55 луѓе за шест месеци добиле пријави од СВР Тетово

За кривични дела поврзани со дрога 55 луѓе за шест месеци добиле пријави од СВР Тетово

Тетово, 2 јули 2024 (МИА) - Во текот на изминатите шест месеци од оваа година на подрачјето што го покрива СВР Тетово до основните јавни обвинителства Тетово и Гостивар биле поднесени вкупно 43 кривични пријави за исто толку кривична дела недозволената трговија и уживање со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, покажала евиденцијата на тетовската полиција.

Од 43 пријави, 26 се однесуваат за тетовскиот регион додека 17 за гостиварското подрајче. Пријавите се поднесени за вкупно 55 сторители односно 33 лица од тетовско и 22 од гостиварско кои одговарале според членот 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

-Во текот на редовните и организираните акциски контроли биле пронајдени и одземени околу три и пол килограми марихуана, како и хероин кокаин, канабис и амфетамин.СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи да презема мерки и активности во врска со сите видови криминални однесувања и притоа апелира до граѓаните за поголема соработка и навремено откривање на овие дела кои глобално имаат негативно влијание во општеството и ја загрозуваат безбедноста и иднината на младите, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.

Во изминатиот шестмесечен период во врска со уживање во наркотични средства, биле изготвени и до надлежен суд биле поднесени 63 барања за поведување на прекршочна постапка (ТЕ-61 и ГВ-2), против 77 сторители (ТЕ-74 и ГВ-3) односно уживатели на опојни дроги, казниво по член 20 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.ас/бт/

фото: МИА архива 

Остани поврзан