• среда, 25 декември 2024

За компаниите што ќе отпуштат вработен нема помош, најави Спасовски

За компаниите што ќе отпуштат вработен нема помош, најави Спасовски
Скопје, 27 март 2020 (МИА) - Компаниите што ќе поделат дивидента не може да користат поволност, ќе има критериуми да нема отпуштање работници. Секој што отпуштил работници веднаш кога започнала кризата, не може да искористи дел од мерките, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на Канал 5 за мерките и помошта на Владата за април и мај. - Во првиот сет мерки во којшто има можност тие да бидат ликвидни со тоа што би зеле  кредит од Меѓународната банка за поддршка на развојот со нула проценти камата е за да можат компаниите овој период да го пребродат. Имаме следна мерка која ќе се утврди, а тоа е помош на компаниите со обезбедување минимална плата на работниците. И тоа е таа предвидливост којашто ќе им ја дадеме во наредните два месеци, во април и во мај,  да му се помогне на стопанството. Ќе се утврдат точни критериуми кои се тие фирми, компании коишто ќе можат да ја искористат оваа поволност, појаси Спасовски. Премиерот најави помош и за медиумските работници кои, според него,  се наоѓаат на прва борбена линија и помагаат во справувањето со оваа криза. -На нас ни е многу важно медиумите да функционираат во овој момент. Да функционираме сите заедно да помогнеме во делот на кризата. Секако дека ќе имаме мерки и во делот на медиумите. Јас знам дека веќе има одредена финансиска помош од АВМУ. Се што е помош од државата е помош од државата. Така да тоа е еден дел од помошта , нема медиумите да бидат изоставени од оваа помош заради тоа што сметам дека и тука треба да се помогне да може тие да функционираат, рече Спасовски. бк/ац/  

Остани поврзан