• сабота, 23 ноември 2024

Во Општина Илинден ќе се гради полициска станица

Во Општина Илинден ќе се гради полициска станица

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски се сретна со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На средбата, како што информира Општина Илинден, се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територија на Општина Илинден.

- Имајќи ги предвид сите показатели во делот на локалниот економски раст на Општина Илинден, како и зголемениот прираст на население во Општината, заеднички став на министерот и градоначалникот е потребата од изградба на полициска станица во Општина Илинден. За таа цел се изрази подготвеност од двете страни во наредниот период да се интензивираат активностите во насока на реализација на овој проект, се вели во соопштението.

За таа цел градоначалникот посочи неколку локации каде е соодветно, може да се изгради и да функционира објект-полициска станица во Општина Илинден за што, како што се наведува, дополнително ќе биде донесена одлука за начинот на реализација на овој проект. мд/са/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан