За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б
- ЈСП „Скопје“ во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.
![За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б](https://new.mia.mk/index.php/images/20231102155309_big_730x400_33.webp )
Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - ЈСП „Скопје“ во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.
-На редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје“. дма/мд/
Фото: МИА архива