• недела, 24 ноември 2024

За жените возачи во Тетово покрај цвеќе и сообраќајни поуки по повод Меѓународниот ден на жената

За жените возачи во Тетово покрај цвеќе и сообраќајни поуки по повод Меѓународниот ден на жената

Тетово, 8 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Тетово денеска реализираше превентивно-информативна активност по повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената под мотото „Биди горда што возиш безбедно“.На неколку пунктови во Тетово и Гостивар полициски службеници предпладнето им делеа на возачите, припаднички на понежниот пол, пригодни флаери (летоци) и освежувачи за возила.-Во флаерите што ги добиваа тетовските и гостиварските дами-возачи поместени се повеќе совети, а кои се однесуваат на задолжително користење на сигурносен појас, прилагодување на брзината според условите, некористење мобилен телефон при возење, воздржување од консумирање на алкохол и максимална грижа за секој учесник во сообраќајот.Денешните превентивни активности иницирани и практично имплементирани од Отсекот за превенција  се во рамките на заедничката кампања „Вози одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.  Од волонтери на Црвен крст, жените кои беа возачи или сопатници добиваа и цвеќе.ас/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан