• недела, 28 јули 2024

За една седмица санкционирани 234 напрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

За една седмица санкционирани 234 напрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје, 21 август 2023 ( МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјe изминатата седмица санкционираа 234 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање
на сообраќајот.

-Во периодот од 14 до 20 август, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор санкционирани се 113 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност по улиците. љм/са/

Фото:  ЈП Паркинзи

Остани поврзан