• четврток, 26 декември 2024

За една недела 225 санкциии за непрописно паркирање во Општина Центар

За една недела 225 санкциии за непрописно паркирање во Општина Центар
Скопје, 8 март 2022 (МИА) – ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 28 февруари до 6 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возило кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.фф/лв/

Остани поврзан