За една недела 136 непрописно паркирани возила во Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24 февруари до 2 март 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле вкупно 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24 февруари до 2 март 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле вкупно 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар во денешното соопштение наведуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
- Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се вели во соопштението. мд/ац/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар