• четврток, 19 декември 2024

За една недела санкционирани 214 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

За една недела санкционирани 214 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Скопје, 14 август 2023 ( МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција- Скопјe во текот на една недела санкционираа 214 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 7 до 13 август, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. 

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните, секојдневно  да водат грижа и да го воведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. љм/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

 

Остани поврзан