• четврток, 26 декември 2024

За една недела санкционирани 203 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За една недела санкционирани 203 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 203 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 14 до 20 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранети се 126 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 77 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.фф/лв/

Остани поврзан