• четврток, 26 декември 2024

За една недела отстранети 249 непрописно паркирани возила од јавните површини

За една недела отстранети 249 непрописно паркирани возила од јавните површини
Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) - Пајак службата во текот на изминатата недела од јавните површини подигнала 249 возила. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 224 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 345 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возилa се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. - Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, наведуваат од прес-службата на Град Скопје.фф/скс/

Остани поврзан