• четврток, 26 декември 2024

За една година продолжен мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

За една година продолжен мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина
Њујорк, 2 ноември 2022 (МИА) – Советот за безбедност на ОН вечерва го продолжи мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина за уште една година. За одлуката за продолжување гласаа сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН. Претходно високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, во својот извештај до Советот за безбедност посочи дека ЕУФОР игра клучна улога во зачувувањето на мирот и безбедноста во БиХ и затоа е неопходно неговото континуирано присуство во таа земја. аб/

Тагови

Остани поврзан