• сабота, 23 ноември 2024

За еден отсто зголемен бројот на работници во индустријата

За еден отсто зголемен бројот на работници во индустријата

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2024 година е за еден отсто повисок во однос на истиот период лани, додека во септември 2024 година во однос на септември 2023 година е намален за 2,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст од 4,6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,0 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,6 %, Капитални производи за 6,1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 %. мч/дма/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан