• четврток, 26 декември 2024

За еден месец во Грција уапсени над 1.300 малолетници за малолетничка деликвенција

За еден месец во Грција уапсени над 1.300 малолетници за малолетничка деликвенција

Атина, 17 октомври 2023 (МИА) – Во текот на септември грчката полиција уапсила 1.353 малолетници за 1.201 случај на малолетничката деликвенција, тема за која надлежниот министер за заштита на граѓаните на Грција Јанис Иконому свика широк состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот, како што соопштија од Министерството, биле договорени три оски во насока на справување на насилството меѓу малолетните и малолетничката деликвенција.

Било договорено евидентирање, со ажурирани податоци, на точките каде насилството на малолетниците се манифестира посилно, бил доставен предлог за поголемо и повидливо полициско присуство што би можело да делува превентивно и спречувачки, како и да се интензивираат контактите со полициските станици, со фокусот на областа Атика, со цел проблемот да се долови во вистинска димензија, а паралелно да се доставуваат информации и до Министерството за образование во присуство на стручни лица. 

Надлежниот министер Иконому рече дека „малолетничката деликвенција е едно од најкритичните и најтешките деликвентни прашања“ со кои треба да се справат, токму поради тоа што вклучува деца, но и дека не е само грчки, туку и европски феномен. 

-Со поинтензивно и посистематско полициско присуство се обидуваме првично да го ограничиме опсегот на нападите. Мора да го интензивираме нашето присуство и секако,  со зголемени стапки на успех, да продолжиме со откривање на случаите. Нашето присуство треба да биде систематско насекаде, со систематска комуникацијата во секое маало и општина, со училиштата, со здруженијата на родители и старатели, со семејствата, со локалната заедница. Почнуваме ваков обид. Грчката влада сеопфатно ќе се занимава со ова прашање, кое има широка социјална димензија, рече Иконому. ср/сд/

Остани поврзан