• четврток, 26 декември 2024

За еден ден хоспитализирани 55 нови случаи во скопските ковид центри

За еден ден хоспитализирани 55 нови случаи во скопските ковид центри
Скопје, 14 март 2021 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло. Во последното деноноќие, како што информира МЗ, на Интерните клиники имало 36 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум примени пациенти и тројца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени осум пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 428 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. - Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението. мс/ац/

Остани поврзан