• вторник, 26 ноември 2024

За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за продолжениот викенд

За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за продолжениот викенд
Скопје, 23 мај 2020 (МИА) - За домашните миленичиња остануваат востановените термини и за време на продолжениот празничен викенд, соопштија вчера од Владата. Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита. ир/са/  

Остани поврзан