За две недели постапка за тендер за изградба на базен во Топанско Поле
- На денешната средба градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со директорот и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и Авни Рустеми е постигнат договор, со кој
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - На денешната средба градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со директорот и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и Авни Рустеми е постигнат договор, со кој се предвидува во рок од две недели да се објави постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско Поле.
Од Општина Чаир информираат дека базенот ќе има и фотоволтаични панели за енергетска ефикасност, со што, како што велат, ќе се намалат трошоците за електрична енергија за одржување на базенот до 80 отсто.
Градоначалникот Ганиу им се заблагодарил на директорот и заменик директорот за изразената подготвеност да ги конкретизираат чекорите кон реализација на проектот за базенот.фф/лв/