• четврток, 26 декември 2024

За две години во Европската куќа Крива Паланка организирани 350 настани со учество на над 8500 луѓе

За две години во Европската куќа Крива Паланка организирани 350 настани со учество на над 8500 луѓе

Крива Паланка, 16 февруари 2023 (МИА) – Оправданоста за отворање Европска куќа во Крива Паланка пред две години се огледа во успешноста на работата на тимот што ја води, со реазлзиирани повеќе од 350 настани на кои учествувале над 8500 луѓе.

Дополнително, активностите на отворено инвловирале над 6000 луѓе од Североисточнито регион, од државата и соседството, од другата страна на границата, истакна во обраќањето по повод вториот роденден на Европска куќа Крива Паланка, заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Џулиен Васало.

Како што рече, она што е поважно е што ЕУ куќата успеала да ги мотивира сите овие луѓе да работат заедно, да ги промовираат вредностите на Европската Унија и да ги охрабри да водат бизниси заедно и да ја зајакнат креативностa.

- Благодарение на нивните напори Ромите од Крива Паланка и Регионалното здружение на Роми од Кратово сега заедно спроведуваат проект за борба против јазикот на омраза, соработката од еден настан во Европската куќа Александар Величковски од Крива Паланка иницираше старт-ап бизнис со Бобан Милосављевски од Кавадарци, женските кошаркарски клубови КК Крива Паланка и „Локомотив“ од Софија, Бугарија, остварија соработка и интеракција, а се разбира, таа интеракција продолжува и понатака, младите Валентина и Викторија Ѓоргиевски по работилницата за дигитални вештини со краткометражен анимиран филм осовоија награда од „Алгоритам“, а „Денс-тим фјужн“ од Куманово промовиран оттука доби награда од меѓународен танцов натпревар во Шпанија, посочи Васало. Тој истакна  дека има многу други вакви и слични приказни кои произлегуваат од соработката преку Европска куќа, поврзување на младите од училиштата на Североистокот, како и учество на младите во искажување на нивните потреби и нивна директна партиципација во одлучувачките политики, како и бројни настани за млади во руралните средини.

Во тој контекст, и прославата на роденденот отпочна со филмската проекција „Сестри“ од Дина Дума, млада македонска режисерка која е прогласена за „Европска жена на годината 2022 “ од страна на Делегацијата на ЕУ.

Филмот опфаќа теми што ги засегаат младите овде и ширум Европа, а истиот официјално  го означи почетокот на филмската недела.

На настанот Васало и го врачи признанието за „Европска жена на годината 2022“ на Дума.

-Филмот е за мене прибежиште во светот на фантазијата, отсекогаш, па можеби и затоа решив да бида режисерка. Истиот говори за онјалн врсничко насилство, булинг и истото и мене лично ми се има случено, за жал. Филмот е инспириран од вистински настани и повеќе на оваа тема ќе разговараме утре, со сите заинтересирани млади што  во Europe House Крива Паланка  ќе присуствуваат на тематската дискусија „Важноста на негувањето на кинокултурата“, рече Дума, заблагодарувајќи се за наградата и можноста околу триста млади од Крива Паланка и регионот денес да го рпоследат филмот „Сестри“.

Благородна Пешевски  од Европска куќа Крива Паланка нагалси дека „во киното е филмот“ е мотото на филмскиот маратон што до 24 февруари ќе биде достапен за младите од регионот во Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

-Не случајно ги одбравме киното и проекциите како медиум со кој ќе притапиме до младите. Миантата година беше година на малди и во тој контекст работевме многу на нивата гласност во искажување на потребите, на развој и поттикнување на креативноста, критичко размислување, на отворање теми кои важат за табуа и само вакви млади ќе ја гарантираат добрата Евроспка иднина на општеството, рече Пешевски. ид/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан