• сабота, 21 декември 2024

За два дена на Кипар пристигнале речиси 500 мигранти, претседателот свика вонреден состанок

За два дена на Кипар пристигнале речиси 500 мигранти, претседателот свика вонреден состанок

Никозија, 2 април 2024 (МИА) – Со неколку чамци во изминатите два дена на Кипар пристигнале речиси 500 мигранти, по што кипарскиот претседател Никос Христодулидис утрово свика вонреден состанок на Советот за национална безбедност, јави дописничката на МИА од Атина.

Според кипарските медиуми, утрово пристигнале два чамци со вкупно 68 лица, вчера биле откриени три чамци со 136 мигранти, додека пак во неделата радарите регистрирале пет чамци со 271 лице.

Од кипарската Влада соопштија дека претседателот на Кипар утрово ќе претседава со вонреден состанок на Советот за национална безбедност свикан поради мигрантското прашање, а ќе присуствуваат министрите за надворешни работи, за внатрешни работи, за правда и јавен ред, за одбрана, владиниот портпарол, заменик-министерот за европски прашања, јавен обвинител и началниците на полицијата, армијата и Службата за разузнавање. ср/ссм/

Остани поврзан